“Денеска јубилеен трет пат носителот на листата на ВМРО бега од дебата. Бегаа и порано од дуели, денеска продолжија да бегаат затоа што за разлика од нас кои излеговме со рани на 27 април, а тој што избега од дебатата има крвав образ затоа што организираше и прати насилници да убиваат пратеници”, рече носителката на кандидатската листа на коалицијата “Можеме” Радмила Шекеринска вечерва во Ресен.
“Реално освен редовните дози на национализам и лаги немаат што да понудат. Што завршија во ИЕ 5 освен што се потрудија да не скараат. Оваа држава плати огромна цена за поделбите што ги направија. Бегаат од камери и прашања затоа што се неодамна прочитана книга. Целта им е да ве убедат, да ви ја убијат волјата да излезете на избори да убедат во лагата дека сите сме исти. Бидејќи знаат дека нивните 11 години не сме ги заборавиле. Еве зошто не сме исти”, истакна Шекеринска вечерва во Ресен.