Богојески: Македонски концепт се залага за 6 часовен работен ден за работниците во Македонија

Лидерот на Македонски концепт Петар Богојески заедно со носителката на изборна листа за ИЕ2, проф. д-р Снежана Костадиноска-Милошеска денеска ги посетија производствените погони на Чик Куманово со што официјално го завршија караванот на Македонски концепт низ републиката. Богојески од Куманово изјави дека е неопходна заштита на домашното производство, овозможување на еднакви пазарни услови, но и воведување на услови за работа според стандардите во ЕУ. Единствена мерка која може да помогне за зголемување на процентот на ефикасност и продуктивност во сите гранки во индустријата во Македонија е намалување на работното време скалесто, почнувајќи прво на 7, за подоцна да се сведе на 6 работни часови.

“Со оваа мерка од една страна ќе им овозможиме на работниците повеќе време да потрошат на семејството, а од друга страна да бидат попродуктивни и да придонесат за поголем развој на компаниите во кои работат. Во исто време ќе бараме и драстично зголемување на квалитетот на условите за работа и почитување на работничките права како што налагаат ЕУ стандардите. Овие политики се дел од нашата стратегија за поддршка на домашното производство кое е сериозно занемарено од политиките во последните 30 години”, вели Богојески.

 

Средбата со стопанствениците и вработените даваат едноставна слика за состојбата и причините поради кои македонското производство не може да порасне и не може да дојде до финален производ. Причина за тоа е нелојалната конкуренција наметната од земјите кои се надвор од Европската унија и сивата економија во земјава. Увозот на странски производи го уништува македонското стопанство, а со тоа и можноста за развој и поставување на вистински стандарди за вработените во оваа индустрија. Денес Куманово го потврдува токму тоа, дека традиционалните индустрии како што се чевларската, кожарската и текстилната индустрија се на маргините на нашето општество. Погрешните економски политики не ја заштитуваат домашната индустрија и домашното производство.

 

“Денес имавме можност да се сретнеме и разговараме со вистински мајстори во чевларската индустрија, како и вработени кај кои постои невиден ентузијазам, искуство, енергија за да се изборат за вистинското место и да го направат пристојно место за работење на многу граѓани во Македонија. Тие не само што ги познаваат многу солидно европските стандарди, напротив, при либерализацијата на пазарот можат да се носат соодветно со европските партнери и да бидат конкурентни и напредни на европскиот пазар”, потенцираше проф. д-р Снежана Костадиноска-Милошеска.

 

Мора да ставиме ред на ова нередие во кое живееме цели 30 години. Традиницоналните индустрии во Македонија мора да добијат соодветни поддржувачки политики за да можат конкурентно да се носат со европските производители од овие индустрии. Гласот за Македонски концепт и бројот 10 е глас за овие промени кои можеме да ги донесеме само заедно.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави