Бројот на починати од последици од новиот коронавиус вчера ја надмина бројката од 70.000, а во изминатите 24 часа во земјата починаа уште 1.214 луѓе.
Во најголемата јужноамериканска држава од последици од Ковид-19 починаа вкупно 70.398 луѓе, а инфицирани се над 1,8 милиони луѓе, со 45.048 новозаболеми сам во еден ден.
Бразил со 212 милиони жители е на второ место по бројот на заразени лица после САД.
Со Ковид-19 е заразен и претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој тврди дека „многу добро” се чувтсвува. Тој се лекува со хидроксиклорокин.