Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 4 до 10 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковисд-19 кај 29 лица од Охрид, 55 лица од Струга и 35 лица од Дебар.
Изминатата седмица од вкупно земените 345 материјали за испитување 237 се собрани според епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 188, Струга и Вевчани 104, Дебар и Центар Жупа 627), а 117 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар и тоа Охрид и Дебрца 69, Струга и Вевчани 48.
На домашно лекување во Охрид се 48 лица инфицирани со короновирусот, во Струга 46 пациенти, а во Дебар 20 пациенти. Во Охрид има 133 активни слуачај на коронавирус, во Струга 147, а во Дебар 76. Во овој период оздравени се 57 лица од Охрид, 54 лица од Струга и осум лица од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани десет смртни случаи поврзани со КОВИД-19 од кои по едно од Охрид и Дебар и осум од општина Струга.
Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден Ковид-19 е регистриран кај вкупно 656 лица во овие општини и тоа 219 лица во општините Охрид и Дебрца, 300 лица во општините Струга и Вевчани и 137 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 86, од Струга се 151, а од Дебар и Центар Жупа се 60 пациенти. Во Охридско починати се шест лица, во струшко 34, а во Дебар и Центар Жупа пет лица.