– Имаме јасен план за нови мерки на поддршка, со чесно и одговорно работење парите ги насочуваме кон луѓето, зашто пари има доколку не ги трошите на фикс-идеи, на стиропор и бронза. Следуваат домашни платежни картички и за пензионерите со пониски примања, за стечајците, за самохраните родители, директна поддршка за јакнење на нивната куповна моќ. И, еве, денес можам да најавам дека за пензионерите ќе обезбедиме можност за дополнителен приход од 4.500 денари месечно, за сите сограѓани пензионери што сакаат и можат да посветат дел од своето време за ангажман во јавните општински и државни служби. Дали преку помош во делот на јавната или преку друга помош во рамките на јавните услуги, пензионерите ќе можат да добијат екстра месечен надоместок од 4.500 денари како дополнителен приход над редовната месечна пензија. На овој начин пензионерите остануваат активни во заедницата, нивниот труд и ангажман се цени и во исто време се јакне куповната моќ на нашите највозрасни сограѓани.
– Во програмата најавуваме дека до крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив економски раст од 4 проценти. Тоа ќе го оствариме преку креирање нови работни места, преку брза трансформација на македонската економија, преку поддршка за домашни и за странски инвестиции во износ од 600 милиони евра, од кои 300 милиони од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат. Ќе продолжиме да ги качуваме платите во сите сектори, минималната плата ќе ја донесеме на 20.000 денари, а просечната на 34.000 денари до 2024 година. Ќе поттикнеме нова динамична македонска економија преку грантови за фирми на млади, на жени, на земјоделци – ќе вложуваме уште повеќе во дигитализацијата, во стартапите, во иде погните и иновативноста на граѓаните. Одговорното управување со финансиите, чесниот пристап што ќе продолжи, ќе овозможи овие зацртани цели да се реализираат, македонската економија да расте, а невработеноста да продолжи да се намалува.