Царовска ги повика младите да гласаат за Можеме: Донесовме мерки со кои значително се подобрува животниот стандард на младите

Носителката на кандидатската листа во ИЕ 1 Мила Царовска, вечерва на кејот на Вардар се сретна со младите од Аеродром со кои зборуваше за владините младински и образовни политики. Царовска ги повика младите да гласаат за коалицијата Можеме и посочи дека друг избор не постои.
“Во изминатиот период  младите несебично помогнаа да се донесат политики коишто ќе го подобрат стандардот на младите. Исто така младинската невработеност се повеќе се намалува, со што е покажана сериозна грижа кон младите лица.
Заеднички успеавме да ја донесеме „младинската гаранција”, да ја имплементираме и да имаме огромен успех, заради тоа што ги постигнавме индикаторите, коишто ги постигнуваат европските развиени земји. Од вкупно вклучени околу 20-тина илјади млади лица, минатата година повеќе од 6.300 веќе се вработија преку „младинската гаранција”, рече Царовска.
Царовска рече дека посакува што повеќе млади во реалниот сектор, во производството.
“Затоа го воведовме и младинскиот додаток во консултација со младите лица и тие денес добиваат 3.000 денари дополнување на нивната плата секој месец и тоа го добиваат повеќе од 5.000 млади лица. Тие исто така  укажаа дека се чувстуваат многу слободно сега и дека чувствуваат дека секогаш може да го кажат своето мислење, независно дали е критичко или поддржувачко мислењето и тоа укажува дека ако студентите  се слободни, ако младите се слободни тогаш и нашето општество е демократско”, рече Царовска на средбата со младите.

 

Треба да знаете
Последни објави