Наша кампања е да зборуваме за проблемите на граѓаните и за решенијата, како резултат на тие дискусии во 2016 година, 2,5 години како сме ние во Владата минималната плата порасна за 5,500 денари, а ДУИ беше на власт и во претходните 11 години па еднаш не даде предлог да се покачи минималната плата, нагласи носителката на кандидатската листа на коалицијата Можеме во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на дебатата пред парламентарните избори на 15 јули, на Топ Тема на телевизија Телма.
Меѓутоа прашањето кое се наметнува е дали ќе се занимаваме со темите кои значат живот или ќе бараме оправдувања за слабата понуда и мислам дека ВМРО ДПМНЕ секој пат кога нема што да понуди бега во плашање на граѓаните, затоа ги нема овде, затоа што јас ги чув на два митинга за федерализација говореа, истакна Шекеринска.
Единствената партија во оваа држава која заговарала територијално решение на политичките проблеми е само ВМРО ДПМНЕ, Групчин го научија сите од идејата на ВМРО ДПМНЕ да не дели, порача Шекеринска.
Во врска со понудата на ДУИ – Насер Зибери да биде премиер, Шекеринска истакна дека граѓаните ќе го кажат своето мислење на 15 Јули и тие ќе одлучуваат и кој ќе биде премиер и каков ќе биде составот на Владата оти таа Влада излегува и кажува ова заедно ќе го сработиме и тоа е чесност кон граѓаните.
Мислам дека сите партии ќе се сложат дека без разлика на фолклорот за време на изборите идниот премиер ќе биде Зоран Заев, да, македонец но кој ја има рекордната поддршка и кај македонците и кај албанците, турците, власите, ромите, бошњаците и кај србите, порача Шекеринска.
Таа додаде дека нервозата од тој тип се должи токму на тоа што прв пат како држава, не како опшстество но и како држава успеавме да покажеме дека е можно да имате лидер кој нема да ги дели туку ќе ги обединува граѓаните.”
Тоа е знак на зрелост на оваа држава, граѓаните Албаници можеа да видат дека Зоран Заев се жртвуваше за Талат Џафери да стане претседател на Собранието, рече Шекеринска
Нашата жртва на 27 Април не беше жртва за некој персонално да профитира, нашата жртва беше оваа држава да ја направиме да биде нормална држава, тогаш беше изборот на Талат Џафери но во прашање беше дали државата ќе овозможи демократски трансфер на власта, истакна Шекеринска.
А што се однесува на лагите, јас, Зоран Заев, СДСМ и мислам секој рационален граѓанин не поставува знак на еднаквост помеѓу ДУИ и албанците затоа што таков знак на еднаквост не смее да се постави за ниту една етничка заедница, како што Албанците не стојат зад сите одлуки, кои ДИУ ги протежираа, порача Шекеринска.
Таа му порача на Џафери дека 11 години неговата партија беше во коалиција со некој кој јас го слушнав со свои уши дека ве вика индијанци и знаете како.
Јас ги слушав и тие и овие бомби за да знам за што зборувам. А вие малку страдате од вмровскиот синдром дека слушате по потреба, двете ќе ги чуете а другите нема да ги чуете за да може да водите лага, нагласи Шекеринска, додавајќи дека ДУИ грешеше многу изминатите години и една од критиките на граѓаните е дека сме им овозможиле континуитет.
Ние покажавме дека знаеме да наоѓаме решение на проблемите и дека за тие решенија успеваме да направиме широк консензус кој не е ексклузивитет на никој, вклучително ни на ДУИ, порача заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на дебатата пред парламентарните избори на 15 јули, на Топ Тема на телевизија Телма.