Неколку илјади лица и денеска се собраа на антивладин протест во центарот на Софија, јави агенцијата Бгнес.
Демонстрантите се упатија кон зградата на Народното собрание и Орлов мост.
Според агенцијата, демонстрантите скандираат „Оставка” и „Херои”, по што следуваат свирежи или бурни извикувања „Ууу” пред зградата на Министерскиот совет.
Луѓето вејат бугарски знамиња, а како и претходните два дена недостасуваат транспаренти, а оние малку кои ги има се напишани своерачно со пораки против Владата и обвинителството.
Во првите редови се вејат и пет црни знамиња.
По околу час и половина поминати во триаголникот на власта, демонстрантите тргнаа на својот традиционален марш кон Народното собрание.
Полицијата со кордон ја отцепила зградата на Министерскиот совет и Претседателството.
Ситуацијата е мирна и нема никакви инциденти.