Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски денеска е на средби со жители во скопската општина Гази Баба.
„Ние сме на потег, да си ја сочуваме сигурноста и да продолжиме со развојна економија и напред. Само 3 години после режим, успеавме државата да ја направиме членка на НАТО. Мандатот за напред го бараме за да ја реализираме и втората државна стратешка цел што е отпочната – преговорите со ЕУ. Решававме стратешки прашања и ја покренавме економијата со повисоки плати, пензии, социјалана помош, финансиска поддршка за младите. Новиот мандат го бараме за уште повеќе пари кај граѓаните, нови покачувања на платите, пензиите, приходите кај граѓаните, по сите основи, со новата развојна економија. Но мора да си ја сочуваме државата од режимот кој гледате се грапчи да дојде на власт. Тие не ставаат во ќесите на луѓето, тие им вадат, дури и на сила, тие знаат да ставаат само во свои џебови. А тоа што владеат монструозно, со закани и по живот, да не зборуваме. Да не си ја пуштиме државата и сигурноста по вода, да излеземе и да гласаме на 15 јули, повика Спасовски.
„Времињата се специфични, но гласањето е безбедно. Мора да излеземе на гласање како што мора да одиме во продавница и на пазар. Зошто одиме? Затоа што не можеме без храна. Е па не можеме и без институции. Кој ќе носи одлуки за да се сочува јавното здравје – режимот? Кој ќе носи одлуки за домашни платежни картички и поддршка на семејните буџети и бизнисите – режимот? Обновен режим е голема опасност. Не им е грижа ни за здравје, ни за државни интереси, ни за егзистенцијата на луѓето. Само да го обноват режимот за да крадат во дестабилизација. Голема опасност е тоа. Никаква обнова нема, само Груевски е обновен во Мицкоски. Да си излеземе на гласање, донесени се сите заштитни протоколи и да си продолжиме по правиот пат зашто сигурноста на нашите деца и на нашата држава е во прашање. Гласаме за број 3 на 15 јули, за Сигурност и ќе има и повеќе и подобро за сите граѓани”, порача Спасовски на средбите во Гази Баба.