Празниот пулт на Дурловски на дебатата, покажува колку и самите се свесни дека е празна понудата на ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека нема што да им понудат на граѓаните и докажува дека бегаат од сите ненарачани прашања и дуели, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата Можеме во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на дебатата пред парламентарните избори на 15 јули, на Топ Тема на телевизија Телма.
Членството во НАТО ни донесе сигурност, темите на национализам, федерализација ги наметнуваат луѓето коишто немаат реално што да понудат на граѓените на клучните прашања, а тоа се сигурност, економија и правда, нагласи Шекеринска.
Таа додаде дека во 2016 година не плашеа со кантонизација и федерализација, а еве сега пак на рипит, го зборуваат истото, по две години државата не се се подели, системот остана иста, а Македонија стана членка на НАТО, нагласи Шекеринска.
Таа истакна дека за само 2,5 години покажавме дека можеме во НАТО, исто така можеме во Европската унија, порача Шекеринска.
Зошто првото прашање во држава која се мачи со социјални, економски и секакви други проблеми не е минималната плата па да кажеме кој за каква минимална и просечна плата е, кој за колкава минимална пензија е, зошто клучното прашање не е што им нудиме на жените на пример бидејќи некој од партиите одлучија на таа тема комплетно да молчат, зошто клучното прашање не ни е колку брзо ќе одиме кон ЕУ туку прашањето е еве што некој го пуштил како тема на денот за да пола од дебатите ги трошиме на прашање кое реално, реално не влијае на животот на граѓаните, истакна Шекеринска.
Низ ИЕ5 се сретнав со многу луѓе и Македонци и Албанци и сите други, еден не ми го постави ова прашање бидејќи ДУИ да мислеше дека Насер Зибери треба да биед премиер слоганот ќе беше Насер Зибери зошто не?, а не фигура која што ќе биде недефинирана освен етничката припадност, нагласи истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.