Со сите успеси што заедно ги постигнавме, покажавме дека можеме, денес сме членка на НАТО, денес ги почнуваме преговорите за членство во ЕУ, имаме утврдена преговарачка рамка, аедно испишавме историја, а во исто време покажавме и одлични економски резултати денес граѓаните имаат повеќе, денес единствената опција за правиот пат е СДСМ и Коалицијата Можеме, се друго е опасност, изјави Заев во интервјуто за Телевизија Канал 5.
На крајот на интервјуто за телевизијата Канал 5, претседателот на СДСМ Зоран Заев упати апел до граѓаните за излезат и да гласаат за СДСМ и коалицијата Можеме.
“Почитувани граѓани, сега вие одлучувате. Ве повикувам да излезете и да гласате за бројот 3. Да потврдите дека навистина можеме уште повеќе, и уште подобро. Да продолжиме по сигурниот исправен пат, за да можеме да докажеме на нашите деца и внуци дека можевме, дека успеавме, дека денеска имаме земја со која сите се гордееме” заклучи Заев.