Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа, посочи дека со оркестрирана акција СДСМ граѓаните да ја шкртаат додавката на името на гласачките ливчиња е поради голем страв од претстојниот пораз, но и е потценувачки однос кон граѓаните.
Видете овде има две лоши работи и загрижувачки. Првата го потценуваат својот народ со тоа што даваат вакви инструкции, затоа што точна знае народот дека ако постапат според оваа инструкција ливчето ќе биде неважечко и навистина вака јас не можам да ги разберам со каква леснотија тоа го прават бидејќи и јас ја добив оваа информација во текот на денот и навистина не можам да разберам како може политичари кои што пледираат да освојат власт на овој начин да го потценуваат својот народ преку таканаречени нивни активисти на социјалните медиуми, со летоци, да се обидат практично да направат една маса на неважечки ливчиња кои што би гласале за ВМРО-ДПМЕН, односно за коалицијата Обнова за Македонија.
Навистина јас сум изненаден од овој потценувачки однос. Точно знаат граѓаните како да постапат и второ е очигледно станува збор за голем страв и паника во редовите на СДСМ, па се обидуваат на вакво начин, истакна Мицкоски.