Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Мерките стапуваат на сила во среда.
Како што пренесува Ројтерс, според новите мерки, сите патници кои доаѓаат од земји кои се означени како „жолта“ и „црвена“ зона, ќе мораат да пројдат преглед и ќе бидат ставени во карантин. Карантинот може да се избегне единствено со приложување два негативни теста на ковид-19 стари најмногу пет дена.
Тоа се однесува како на унгарските државјани кои доаѓаат од други земји, така и на патници од овие држави.
Македонија, Албанија, Црна Гора и Украина, меѓу другите, се наоѓаат на „црвената“ унгарска листа.
Србија, Бугарија, Романија, Русија, Шведска, Обединетото Кралство и Португалија се на „жолтата“ листа.