Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека се договорени темите за состанокот во Брисел, што ќе се одржи в четврток во рамките на дијалогот Белград – Приштина.
– По 20 месеци продолжува Дијалогот под покровителство на ЕУ. Договорени се темите за состанокот во Брисел в четврток, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Вучиќ денеска имаше видео состанок со косовскиот премиер Авдулах Хоти и со претставници на Европската Унија.
Специјалниот претставник на ЕУ за Дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, по видео средбата со Вучиќ и Хоти изјави дека Диојалогот е вратен на вистинскиот пат.
– Драго ми е што можам да кажам дека по самитот во Париз и денешната средба, дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, по 20 месеци се врати на вистинскиот пат, изјави Лајчак.
И Лајчак истакна дека состанокот биле договорени главните елементи на процесот и агендата на следната средба, што ќе се одржи во живо во четврток во Брисел.
Видео конференцијата меѓу Белград, Приштина и преговарачот на ЕУ траеше околу 2,5 часа.
Одржани се билатерални консултации на двете страни со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и со Лајчак.