Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардилола ги сподели своите впечатоци по убедливата победа над Брајтон (5:0) на натпреварот од 35. коло од Премиер лигата.
– Задоволен сум од резултатот и од нашата игра. Подготвени сме за завршните натпревари во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Создаваме многу шанси.
Освоивме билет за Лигата на шампионите и ја завршивме првата наша задача. Овие играчи го прават ова веќе 6-7 години по ред. Тоа го постигнавме на теренот, и се надевам дека утре УЕФА ќе донесе одлука да играме и следната сезона во елитното натпреварување. Фудбалерите го заслужуваат тоа, изјави Гвардиола.
Сити заработи двегодишна суспензија од УЕФА од сите европски натпреварувања поради прекршување на финансискиот фер-плеј, а утре треба да се донесе конечна одлука по жалбата на премиерлигашот.