Низ кампањата гледам дека г-ѓа Силјановска е потполно во истата матрица и не е за вчера, туку пропагира политики за минатиот век” – изјави Никола Димитров. во вечерашната, последна телевизиска дебата на Телма ТВ, во која што учествуваа носителите на листи во изборната единица 1.
Димитров рече дека не е изненаден од носителот на листа на ДПМНЕ да зборува за „датум после датум”, бидејќи токму опозицијата е таа која што заборави на европскиот пат: „Кога Европа бараше Закон за јавно обвинителство, тие гласаа против. И ден денес има една дрска неконзистентност, да речиме во тврдењето дека треба да се обидеме да го поништеме Преспанскиот договор, а истовремено да очекуваме да почнеме на европскиот пат.” – потенцираше тој и потсети уште еднаш во какви услови започна да работи владата на СДСМ по преземањето на 1 јуни 2017 година, и што се’ успеа да испорача и покрај тоа:
„Бевме заробена држава, немавме дури ни препорака, а не предлог-преговарачка рамка и зелено светло за започнување пристапни преговори со ЕУ, од 26 март годинава. Немаше слобода, имаше страв, и економијата беше во голем пустош. Бидејќи за ова не се презема во меѓувреме одговорност, немаше ни осуда истата матрица која што деновиве ја гледаме и низ кампањата е понудата на ДПМНЕ и ден денес.” – истакна Димитров.
„Ѓ-ѓо Силјановска вие трчате за таа политичка партија која што меѓудругото има и обвинение за злосторничко здружување втор пат сте кандидат, бевте претседателски кандидат сега сте прв во Скопје, носител на листата велите не сте член, и јас не сум член да го користиме истиот аршин, мојата кауза е македонската кауза и за неа работа во моментов за таа кауза е коалицијата можеме и СДСМ и кога зборуваме за идентитетот спомнавте дури и интегритет не знам дали сте сериозна меѓу вашите носители, не знам колку луѓе има кои што имаат некаква фаза во кривична постапка а македонскиот идентитет нема врска со бегство од правда и нема врска со лаги. Едно чудо лаги изнаслушав од кампањава од 20 дена.” – рече Димитров.