И студенти од Правен се жалат дека им доцнат картичките

Не се само средношколците, туку и голем број студенти се уште немаат добиено ниту државни платежни картички, ниту одговори на нивните приговори што биле испратени на мејлот кој беше даден на веб страницата kupuvamdomasno.gov.mk, пишува Фактор.

До редакцијаа на Фактор со реакција се јави студент од Правниот факултет од Скопје, кој, како што тврди, дури половината од студентите на тој факултет не ги добиле државните картички.

-Според владината Уредба со законска сила, и нам студентит ни следуваат домшни платежни картички. Но, за жал, ние што сме втора година во отсекот Односи со јавноста, дури 25 до 26 студенти, ниту еден не нема во списокот. Притоа, имаме испратено приговори и преку факултетот, и мејл до Владата. Но, немаме никаков одговор, ниту сме ја добиле картичката еве веќе еден месец, реагира еден од револтираните студенти.

Треба да знаете
Последни објави