Криумчар на мигранти избегал скокајќи во Вардар, по него скокнал и полицаец, но се повредил

На 11.07.2020 во 16.00 часот пред Кривичен суд Скопје, полициски службеник вршејќи обезбедување на Е.А.(33) од Скопје, на кого му била одредена мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, бил физички нападнат од него, по што Е.А. се дал во бегство.

Полицискиот службеник испукал неколку куршуми во знак на предупредување, а Е.А. скокнал во реката Вардар, ја препливал и на другиот крај и продолжил кон ул.„Вардарска“.

Полицискиот службеник скокнал по него во реката, по што се здобил со повреди. Околу 18.20 часот, во близина на Транспортен центар, Е.А. бил пронајден и лишен од слобода од страна на полициски службеници.

 

Треба да знаете
Последни објави