На вчерашното претставување на проектите за млади од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба, присуствуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на листата во ИЕ2, Владо Мисајловски.
Мисајловски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ изборната програма ја работела многу долго, прецизно и во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Но, исто така, Мисајловски додаде дека во оваа изборна програма најголем акцент е ставен на младата категорија, односно младите луѓе во Република Македонија.
Иако владата предводена од СДСМ веќе три години манипулира со јавноста дека ќе ги врати младите луѓе во државата, сепак факт е дека без реални и конкретни проекти, такво нешто не е можно.
Токму затоа, Мисајловски наброи мал дел од проектите кои ги има во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои:
– Целосно ослободување од партиципација за академската 2020/2021
– 4 милиони евра за претприемачка иницијатива
– Ваучери од 12.000 денари за електронски уреди за следење настава
– Финансиска поддршка за млад земјоделец
– Современо образование и подобар студентски стандард
– Над 10 милиони евра за стипендии за млади
– Целосно ослободување од даноци за вработени млади лица до 29 години
– Енергетски ефикасни студентски домови
– Загарантирана работа за 500-те најдобри студенти
– Нови 50.000 работни места за млади
Мисајловски додаде дека иднината на Република Македонија се младите луѓе и тие заслужуваат беспрекорни услови, за да останат во државата и да создаваат во неа.