Новите аудио снимки објавени на интернет потврдуват дека Христијан Мицкоски играл дволична улога. Од една страна го убедуваше членството и јавноста дека ги исклучил осумте пратеници од партијата, од друга, тајно, имал состаноци со нив и ги убедувал да застанат на негова страна.
Имено, откако осумтемина пратеници му завртија грб и гласаа закони и одлуки во парламентот во интерес на државата, Мицкоски остро ги нападна јавно и ги исклучи од ВМРО ДПМНЕ. Членството на партијата тоа го сфати како расчистување со предавниците во партиските редови, но тоа сепак, не било така. Мицкоски тоа го правел за да му се додвори на членството, а во позадина имал тајни средби со пратениците и ги убедувал да не гласаат за Законот за јавно обвинителство.
Денешните снимки го потврдуваат токму тоа, како Мицкоски им зборува на осумте пратеници дека не треба да гласаат за законот затоа што тој ќе овозможел нелегално пренесување на предметите од СЈО кон ЈО, и дека власта ќе продолжела со притисоци и уцени. Но, пратениците не го послушале и гласаа за законот. Овој пат на пратениците им превагнале интересите на државата за обезбедување правда, отколку личните интереси на Мицкоски.
А дека Мицкоски штител лични и партиски интереси, наместо државни, потврдува и фактот дека на претходните снимки самиот тој му се доверува на Зоран Милевски Кичеец дека ВМРО ДПМНЕ се бори против законот затоа што сака да ги спаси Мијалков и Камчев од кривичен прогон во предметот „Империја“