Нова аудио снимка во времетраење од 12 секунди беше објавена на интернет, поточно на нов „Јутјуб“ каналот наречен „Зоки рекетарот“.
Во кратката снимка се слуша како Заев го споменува адвокатот Васил Димишков, чиј глас се слушаше во една друга „бомба“ објавена пред десетина дена, кога тој зборува со Зоран Милески – Кичеес за ослободување на Орце Камчев од притвор.
-Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат. Совет ми даде, што да праваам бара пари… значи он ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра, викам важи јас влегувам во оваа работа… – вели тој во кусата снимка.