Нови 57 заболени од Ковид 19 во Црна Гора

Лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора  ја завршија ПЦР-анализата на 433 примероци за новиот коронавирус во последните 24 часа, меѓу кои 57 резултати беа позитивни.

Најголем дел од новите случаи се од Подгорица- 32.

Во текот на денот беа пријавени уште три смртни случаи за кои се сомнева дека причината за смртта е инфекција со коронавирус. Вкупниот број потврдени смртни случаи од почетокот на јуни од Ковид 19 останува 14.

Вкупниот број на активни случаи е 870.

Треба да знаете
Последни објави