Официјална погребна церемонија за градоначалникот на Сеул, Парк Вон-сун, ќе биде организирана виртуелно оваа недела поради превентивни мерки.
Соопштението е издадено во екот на строгата расправа во земјата околу тоа колку голем погреб треба да биде организиран за Парк, кој беше пронајден мртов во петокот. Тој, според некои информации, бил вмершан во наводи за сексуални вознемирувања.
Онлајн погребот ќе биде одржан утре наутро во градската куќа во Сеул. Пратеникот Парк Хонг-кеун изјавил дека планира да ја поддржи владината кампања против вирусот и ќе одржи скромен погреб.
Рекол дека на погребот се очекува да дојдат околу 100 луѓе, вклучително и семејството на градоначалникот, кој ќе биде пренесуван во живо на Јутјуб.