Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11/12.07.2020 во времето од 20,00 до 02,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат “диви трки“ на подрачјето на Скопје.
Притоа санкционирани се 14 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив еден моторциклист бил приведен во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Чаир поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите.
Исто така и два моторцикли ќе бидат однесени на технички преглед за понатамошна постапка.