Соопштение на Партијата за движење на Турците по повод завршнувањето на изборната кампања

И на самата завршница од предизборната кампања, Партијата за движење на Турците (ТХП) низ целата земја во полн ек продолжува со изборни активности, средби и трибини.

Претседателот на ТХП, кој воедно е и кандидат за пратеник од 5-та изборна единица, Енес Ибрахим, на трибината одржана во Ресен направи рекапитулација на постигнатите успеси во изминативе години, а исто така ги изнесе и основните планови, проекции и идеи од новата програма на ТХП, која е интегрирана и во програмата на коалицијата „Можеме”.

„Денес, во градот на познатиот борец за слобода и правда, Ахмет Нијази Бег, гордо стојам како претставник на една силна битка против едноумието и тиранијата на груевистичкиот режим. Со заедничка борба ја вративме слободата во нашата земја, а после 15-ти јули, заедно, во целост ќе ја ослободиме и правдата” вака се обрати Ибрахим, кој истакна дека во изминативе две и пол години направено е многу за овој доста важен крај на нашата земја, но потенцира дека и во следните четири години земјоделството и економскиот развој ќе се приоритет на новата влада.

„Убеден сум дека граѓаните се свесни за постигнатите резултати, а уште повеќе верувам дека по победата на 15-ти јули ќе продолжиме со нови заеднички успеси. Нашата земја заслужува континуиран развој” додаде Ибрахим.

Треба да знаете
Последни објави