Демократската партија на Албанците во Тетово одржа завршна предизборна средба со граѓаните на градскиот плоштад. Претседателот на ДПА и воедно носител на кандидатската листа во шестата изборна единица Мендух Тачи го потенцира залагањето во новата Влада да го добие местото заменик премиер и воведување на високо ниво на консензуална демократија.
-Ќе предложам да се формира дводомен парламент за да не биде ускратено ниедно право на Албанците. Така ќе бидат гарантирани слободата и основни права кај Албанците, рече Мендух Тачи.
Според лидерот на ДПА, пандемијата може да се уништи за 30 дена за да може да се нормализираат здравствените услуги за граѓаните.
-Јас имам точен план од првиот ден ќе се бориме против вирусот, и тоа не со шеги и со фолклор, туку со пари од буџетот. Ќе се ангажираат доктори, ќе се воведат модерните тестови, и секоја болница каде што живеат Албанци ќе добие помош. . Тетовската болница треба за еден месец да стане универзитетска клиник. Секој човек мора да добие по 100 евра, ама дома да му стигнат, не да чека пред банки. И мора да има помош за сите од најмалите чајџилници до поголемите бизниси, истакна Тачи.
Тој пред присутните рече дека според големото присуство на граѓани значи дека му ги простиле можните грешки.
-Останува уште во среда на 15 јули со свое лично пенкало и со маски, да излезете од дома и лесно е да се избере бројот 1 и Мендух Тачи и ДПА, истакна Тачи.
Пред граѓаните зборуваа и дургите носители на листи во изборните единици.