Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел го сподели своето мислење за судир со тимскиот колега Шарл Леклер во првиот круг од денешната трка, втора оваа сезона во шампионатот во Формула 1.
– Бев изненаден, не очекував Леклер да се обиде да ме престигне. Автомобилот овој пат беше многу подобар од пред една недела, па штета е што не бевме во можност да го провериме нашето тркачко темпо и нашите ажурирања, изјави Фетел.
По судирот двајцата пилоти беа принудени предвреме да ја завршат трката. Леклер подоцна му се извини на партнерот.