Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како и вицепремиерката и носителката на листата на СДСМ во ИЕ 5, Радмила Шекеринска, присуствуваа на литургијата во црквата „Света Софија“ во Охрид на која архимандритот Партениј, кој е игумен на Бигорскиот манастир, е хиротонисан за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Во првиот ред заедно со нив беше и министерот за здравство, Венко Филипче.
Фото: Нова Македонија