Во 2,5 години секој пат кога имаше проблем нив ги немаше, секој пат кога беќе потребно решение, нив ги немаше. Ни на дуел ги немаше. Ги нема при пробем, ги нема при одлука, ги нема на дуел, е па на 15 јули ве повикувам тука од Битола и од цела Македонија, гласови за нив на 15 јули нема, повика Шекеринска.
Таа со насобраните Битолчани сподели интимни мисли за тоа како ќе го погледне човекот, против кандидатот Дурловски, што испрати луѓе да ги убијат.
Си реков, ако дојде во него нема да ја гледам ни мојата крвава расцепена глава, ни неговите раце извалкани со крв, туку ќе ги гледам мојата и неговата ќерка на кои десетина дена пред тоа ми седеа во скутит и им читав приказна, рече Шекеринска.
Тие, нашите деца заслужуваат повеќе, заслужуваат повеќе од нас, заслужуваат дбрина не насилство, заслужуваат човечност а не одмазда.
Затоа не сме исти ние остануваме луѓе, дури и кога сме крај нелуѓе, порача носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во изборната единица пет, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на завршната граѓанска трибина во Битола.
Е за овие работи гласаме на 15 јули, за работи кои ќе ја диктираат и ќе напишат истроијата за нашите деца, порача Шекеринска.