Носителот на листа во ИЕ 2, се обрати на Свеченото собрание на Демократската партија на Турците којашто синоќа славеше 30 години од своето постоење и која е дел од најголемата политичка коалиција во Можеме.
„Демократската партија на Турците е вградена во темелите на нашата земја. Создадена е кога и нашата независна и суверена држава. Многу квалитетни кадри од оваа партија овие три децении макотрпно рамо до рамо заедно работеа да дојдеме до ваква држава денес, којашто е на сите граѓани подеднакво без разлика на националната, верската, етничката припадност, држава којашто е дел од НАТО и е на чекор од почнување преговори со Европската Унија.
Спасовски го нагласи и конструктивниот придонес на ДПТ последниве три години во извршната власт.
„Заедно носевме храбри одлуки, заедно работевме на концептот „Едно општество за сите”, заедно покачувавме плати и пензии, заедни градевме инфраструктура за сите, заедно ја донесовме во НАТО и пред почеток на преговорите со ЕУ, рече Спасовски.
Спасовски посочи и на принципиелната и пријателска соработка со Република Турција.
„Граѓаните Турците во земјава воедно се и мост со Република Турција. Се покажа дека и во овие тешки моментит на ковидкризата се покажа дека без пријателите решавањето на кризата би одело многу потешко”, рече Спасовски и изрази благодарност како премиер за поддршката и помошта од Турција во време на корона кризата.
Во завршниот дел од обраќањето, тој ги повика сите граѓани Турци во земјава масовно, со почитување на протоколите, да излезат да гласаат и да го заокружат бројот 3, заедно да продолжиме по патот на сигурност, нова развојна економија, еднаквоста, по евроатлантскиот пат.