Откако целата јавност дозна дека Генералниот директор на Тутунски Комбинат, Кире Станкоски, зел плата во висина од 3.500 евра, а самиот Станкоски го потврди тоа, денеска граѓаните ќе ги запознаеме како се збогатиле и останатите директори во комбинатот после само 2 години директорување, изјави Горан Стојаноски, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
„ Наташа Василеска Пирганоска, која е сопруга на Кирил Пирганоски, директорот на погонот за цигари во Тутунскиот Комбинат, во февруари месец годинава, купила стан во неселбата Аеродром во Скопје. Бранко Хронески пак, директорот на погонот за тутун во комбинатот, пред три дена, купил стан во населбата Водно во Скопје. Неизоставен дел повторно е Генералниот директор Станкоски, кој во 2019 година се стекнал со стан во населбата Карпош во Скопје.
Останува нејасно како овие тројца директори во Тутунскиот Комбинат речиси истовремено, односно во временски период од неколку месеци, купиле станови во главниот град? Дали додека тутунарите мака мачеа да го предадат својот труд годинава и се бореа тутунот да им биде платен по реална цена, директорите во комбинатот купувале станови?
Исто така прашуваме:
Дали Димоски Стеван, кој е претставник на синдикат на погон тутун е ,,врбуван” од од Генералниот директор Станкоски, со тоа што му ја вработил ќерката во погон цигари Маја Димоска? И дали Гоце Мојаноски, член на бордот на директори на во Тутунски Комбинат А.Д. Прилеп, си даде отказ од работното место заради откриен финансиски криминал? Истото лице е претседател на комисија за земјоделство во СДСМ во Прилеп и се уште е на платен список во бордот на директори.
Ова се неспорни факти и токму затоа во пресрет на изборите врие во општинската организација на СДСМ Прилеп. Целото раководство на СДСМ деновиве е нервозно, затоа што знаат дека граѓаните нема да им го простат ова богатење на нивниот грб.
ВМРО-ДПМНЕ во сите овие 3 години власт на СДСМ, доследно ја информираше јавноста за сите скандали и сомнежи за сторени криминали.
Граѓаните видоа со какви луѓе си имаат работа и затоа ќе им пресудат на 15-ти јули.
После изборите и формирањето на идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе следува бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот. Секој оној кој се огрешил пред законите и се богател на грбот на граѓаните ќе одговара! Следува Обнова на Македонија!“ порача Стојаноски.