Кога ќе се спои сликата убава и добрата мисла, чудата навистина се можни, се наоѓаме на магична локација, на древна населба и раскрсница, како Хераклеа, таа минала низ разурнувања, низ подеми и падови, низ проблеми и решенија, и таа ни праќа една историска лекција, немој да дозволиш грешка, немој да пропуштиш шанса, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во изборната единица пет, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на завршната граѓанска трибина во Битола.
Во оваа кампања, тоа е главната порака којашто ја испраќаме бидејќи како држава пред само две и пол, три години излеговме од една грешка, тешко беше ама излеговме и во овие две и пол години ја ставивме државата на вистинскиот пат, немаме веќе право на грешка и 15 јули е знак дека не смееме да си дозволиме грешка, порача Шекеринска.
Хераклеа го добила името по Херкул, а тој морал да заврши десет работи за да најде спасение, а зад нас се две и пол години и големи подвизи, јас сакам само да ги набројам првите десет кој ми паднаа на ум, нагласи Шекеринска.
После 30 години говорење никогаш во Хераклеја но многу пати во Битола за НАТО денеска можам пред вас со чист образ и многу високо крената глава да кажам членка сме на НАТО, по 30 години муабет имаме резултат, рече Шекеринска.
Ама ги почнавме и преговорите со ЕУ, тоа е 2:0, , но нашата влезница со Преспанска адреса имаше и една додадена вредност, после Преспанскиот договор ништо веќе не е исто, она што го имаме во рака и што ќе го имаме навек е дека македонскиот јазик станува меѓународно призаен, потврден, а нашиот идентитет цврст. Македонскиот јазик ќе биде службен јазик на ЕУ, тоа е 3:0, порача Шекеринска.
Нашиот 4 подвиг беше што покажавме дека парите реално можат да се враќаат кај граѓаните, и можеме да бориме од денес до утре, можеме да броиме од 4 до 40. Да ги изброиме сите политики и сите одлуки во Собранието, во Владата, на локално ниво каде што овозможивме повеќе пари во џебот на граѓаните, повеќе пари во буџетите на фирмите а помалку пари во буџетот на државата затоа што така треба, нема да ги спомнувам ни радиодифузната такса, ни евтината струја ни Мој ДДВ, ни намалените комунални такси во Битола сето тоа беа мерки за да покажеме дека знаме каде највеќе боли и што е највеќе потребно, во најтешката криза ние покажавме само во Битола дека може да помогнеме над 2000 фирми, дека можеме да помогнеме во цела држава на 324 000 луѓе на кои што им пуштивме платежни картички за да трошат и да ја помагаат домашната економија, само во ИЕ5 успеавме во успеавме во изминатиов период 30 милиони евра да ги пуштиме кон фирмите, не за да само ги трошат туку да плаќаат подобри плати да отвораат подобри работни места и богами да отвораа повеќе работни места 4:0, порача Шекеринска.
После 10 години мантра дека минималната плата не смее да расте, ја подигнавме од 9 на 14.500 – 5:0, додаде Шекеринска.
Социјалната помош ја зголемивме 3 пати, тоа е концепт на праведна држава, на социјална држава, која им помага на оние на кои им е најпотребно, истакна Шекеринска, додавајќи дека им помогнавме на општините, со долговите кои за 11 години им ги натовариле на вратот.
Ние не даваме пари за стиротор кој глуми меремр, туку дадовме во македонски културни вредности, кои стоеа заборавени, Охридското крајбрежје, реставрација на Курбиново, Офицерскиот дом во Битола, кои не се лажната историја, туку вистинските вредности, истана Шекеринска.
Последниот подвиг е што на јавното здравство можеме да му веруваме и во најтешката криза на него да се потреме, но тоа не ни падна во небо, инвестиравме во лиѓе, доктори, медицински персонал, инвестиравме во болници, како оваа во Битола, рече Шекеринска, додавајќи дека на јавниото здравство може денеска да му честитаме и можеме да му се поклониме, кога беше најтешко, тоа беше најдобро и затоа денеска од Битола ќе испратиме аплауз за сите кои се на дежурство, во Скопје, Битола, низ цела држава, и не штитат и го чуваат она што е највредно: животот и здравјето. порача носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во изборната единица пет, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на завршната граѓанска трибина во Битола.