Во Тулуз е застрелан братот на Орие од Тотенхем

Тотенхем, англискиот фудбалски премиерлигаш од северен Лондон со официјално соопштение ја извести јавноста за немил настан кој се случил во францускиот град Тулуз, каде е застрелан братот на нивниот играч Серж Орие. Според тамошните медиуми, Кристофер Орие бил застрелан од непознати лица во еден од ноќните градски клубови.

-Клубот изразува огромно жалење и може да потврди дека утрово братот на Серж Орие починал. Го поддржуваме Серж во овие тешки моменти и молиме за задржување на неговата приватност и приватноста на неговото семејство. Сите во клубот испраќаат најискрено сочувство до него и неговото семејство. Нашите мисли се со нив, стоеше во соопштението на офиијалниот веб-сајт.

Дваесет и шестгодишниот Кристофер, исто така бил фудбалер во пониските француски дивизии.

Треба да знаете
Последни објави