Тренерот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Интер, Антонио Конте со своите изјави ги налути челниците на клубот од Милано, па може да одбие отказ. Интер не ги оправда вложените пари. Резултатите се под очекувањат. Конете кој ги бираше засилувањата нема право да се жали на екипата бидејќи му се исполнети сите желби. Интер е четвртопласиран во Серија А, а единствена шанда да ја спаси лошата сезона Конте и неговите избраници ја имаат во Лига Европа.
Конте е свесен дека управата размислува за негова смена, но нема намера да и ја олесни задача бидејќи има договор за уште две сезони и нема намера да си поднесе оставка. Од друга страна, во Интер исто така се свесни дека неговата смена и ангажирање на Масимилијано Алегри или Маурицио Покетино би ги чинело многу на пари. Се споменува цифра од околу 150 милиони евра бидејќи треба да се исполнат и нивните желби за ангажирање на нови играчи.