Авион на „Рајанер“ принудно слета поради закана за бомба

Авион на компанијата „Рајанер“ што летал од Краков до Даблин принудно слетал откако во тоалетот била пронајдена порака за поставена бомба.

Авионот слетал на аеродромот во британскиот град Стансед, каде што полицијата го пребарала леталото, но не бил пронајден никаков сомнителен пакет.

Би-би-си објави дека се уапсени двајца мажи под сомнение за лажна закана.

Треба да знаете
Последни објави