Ултра-православни демонстранти се собраа синоќа во еден кварт во Ерусалим каде во сила се мерки за карантин, за да протестираат против воведените ограничувања, а дел од нив се судрија со полицијата.
Околу 400 луѓе протестираа доцна синоќа во ерусалимската област Ромема.
Некои од нив се судрија со полицијата и запалија голем куп смет. Израелската полиција потврди дека најмалку едно лице е уапсено.
Со оглед на тоа што земјата се соочува со зголемување на бројот на заразени, израелските власти почнаа да воведуваат ограничувања за одредени градови и делови од градовите, кои се најтешко погодени од пандемијата.
Повеќето од тое области се ултра-православни, а нивните жители сметаат дека неправедно се издвоени како особено ризични во однос на ширењето на вирусот.