Лажни вести за наводни притвори

Лажна вест е дека на градоначалникот на Василево му е определена мерка притвор. Неколку портали објавија лажни вести дека е определена мерка притвор за М. Ј. и уште едно лице од општина Василево, но по извршени проверки утврдивме дека тоа апсолутно не е точно, напиша на Фејсбук заменик министерот за внатрешни работи Славјана Петровска.

Во самите текстови е наведено и дека е определена мерка притвор за наведените од страна на јавен обвинител, иако општо познато е дека од страна на Јавен обвинител и не може да биде определена мерка притвор.

Треба да знаете
Последни објави