Позитивен тест во Премиер лигата

Во најновото тестирање спроведено за фудбалерите и луѓето од клубовите во англиската Премиер лига реализирано минатата недела од 6 до 12 јули, биле направени 2071 тест, од нив само еден тест бил позитивен. Идентитетот на новозаразениот не се соопштува.

Ова е 13 круг на тестирање спроведено во Премиер лигата. Во досегашните 12 тестирања немало ниту еден позитивен тест меѓу 1973 земени примероци.

Од мај кога фудбалерите од Премиер лигата се вратија на тренинг при тестирањата била регистрирани помалку од 20 заразени членови на клубовите.

Треба да знаете
Последни објави