Тројцата албански пратеници кои успеаја да обезбедат пратеничко место во Собранието на Србија на изборите одржани во јуни годинава на денесшната средба со претседателот на државата и лидер на победничката партија СНС, Александар Вучиќ побараа министерско место во Министерството за локална самоуправа, заменик-министер за економија, државен секретар во Министерството за образование за да ја поддржат новата Влада.
Во официјалното соопштение на „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“ се вели дека овие 4 услови се поврзани со главните проблеми на Албанците во Србија веќе 20 години и дека без нивно исполнување нема да коалицираат со Српската напредна партија (СНС) на Вучиќ.
Српскиот претседател и лидер на СНС во наредните денови ќе се сретне и со претставници на другите партии и листи кои обезбедија пратенички мандати на изборите.