Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона сака да го продаде Самјуел Умтити, а за него се заинтересирани италјанските калчолигаши Наполи, Лацио, Рома и Торино, објави „Sport.es”.
Според изворот, каталонскиот клуб сака да го замени Умтити со дефанзивец од „висока класа”.
Во сезоната 2019/20, Умтити одигра 18 натпревари за Барселона и нема постигнато гол или асистенција.