Дваесет и четиригодишната тетовка почината од Ковид-19 претходно била дијагностицирана со лупус

Младата 24-годишна пациентка од Јажинце, која по 18 дневна борба со коронавирусот почина на Инфективната клиника, најверојтно имала и друго заболување, тврдат за Канал 5 дел од медицинските лица кои биле вклучени во процесот на лекување.

Главниот сомнеж е дека станува збор за лупус, автоимуна болест, односно, нарушување на одбранбениот систем, па имунолошките клетки ги напаѓаат здравите ткива во телото.

-Од вчера се врши вонреден инспекциски надзор. Постапката што ја спроведува инспекторатот е во тек и не е завршена. Откако ќе се утврдат фактите, а надзорот ќе биде целосно завршен, ќе се знае како постапувале лекарите низ патеката на лекување на 24-годишната пациентка, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова – Директор на ДСЗИ.

Според информации на Канал 5, пациентката живеела во Тетово со својот сопруг, а била внука на лекар. Неофицијално, блиските не сакале да биде третирана на инфективната клиника, но по инсистирање на лекарите од тетовската болница, два дена по хоспитализацијата, била префрлена во Скопје.

Истрагата на инспекторатот треба да даде одговор на прашањата – зошто младата пациентка цели четири дена седела дома и примала инфузии, како постапувал матичниот лекар, што вклучувал третманот во тетовската болница, но и оној во Инфективната клиника.

Треба да знаете
Последни објави