ДИК: Шпекулација е дека се знае резултатот од гласањето на заболените од ковид-19, тој ќе се знае на 15-ти

Вчера имаше шпекулации за резултатите од гласањето на позитивните лица од ковид-19, рече портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани на втората прес конференција на ДИК.

-Овие гласчки ливчиња се враќаат во кутијата на основниот избирачки одбор без да се отворат. Истата таа кутија се користи и денеска доколку избирачкиот одбор има гласање на болни и немоќни лица. Гласачките ливчиња од гласачите позитивни на ковид-19 и гласачките ливчиња од гласањето на болните и изнемоштени лица се вадат од гласачката кутија пред да започне гласањето в среда. Истите тие ливчиња се вадат од пликоата и се спуштаат во гласачката кутија без да се провери за кого е гласано. Тие гласачки ливчиња се мешаат со сите останати гласачки ливчиња на 15 јули кога гласаат сите останати гласачи, така што резултатите од сите ќе бидат прикажани кога ќе заврши гласањето на 15, рече Шабани.

Вчера гласаа 723 лица позитивни на ковид-19 и лица кои се во изолација.

Треба да знаете
Последни објави