Маските ќе треба да ги носиме и на отворено за да го спречиме ширењето на кронавирусот

Епидемиологот Предраг Кон  напоменува дека Србија се наоѓа во неповолна ситуација со можност да се преточи во вонредна состојба поради пандемијата со коронавирусот.

-Имаме прогласено вонредна состојба во повеќе градови во Србија. Тоа значи дека целиот здравствен систем е под притисок и затоа работиме на проширување на капацитетите. На овој начин ситуацијата ја држиме под некој вид контрола – вели Кон.

Во вакви околности според епидемиологот кој е член на Кризниот штаб во Србија во битката со пандемијата предизвикана од коронавирусот, потребно е заштитните маски да се носат и на отворено.

-Маската треба да биде постојнан придружник кога се во прашање лицата постари од 65 години и хронично болните, бидејќи на тој начин се штитат самите себеси. Во ситуација кога вирусот циркулира, единствен начин да се намали ширењето на заразата е сите да носиме маски. Ако не знаееме кој е инфициран, а кој не, тогаш тоа е најбезбедниот и единствен начин да го спречиме ширењето на вирусот. Ако заштитни маски носат само хронично болните и повозрасните лица од 65 години ќе се штитат само 30 одсто. Ако маска носи секој оној кој е носител на вирусот заштитата се зголемува на 95 одсто, а ако и едните и другите носат маски тогаш заштитата е до 99 одсто, бидејќи неможе да се гарантираа 100 одсто сигурност – објаснува Кон.

Според него треба да се почитува препоракта за носење маска и на отворено и да се третира како тактичко решение за оваа ситуација со ширење на вирусот.

-Во ваква прилика ова првпат го кажувам, бидејќи за тоа постои цела стратегија и нема повеќе шега со оваа работа. Можат да се употребуваат и платнени маски кои можат да се перат. Колку долго може маската да не заштити ќе зависи од времетраењето за тоа колку ќе биде потребно да се навлажни. Обично тоа е околу два часа. Ако ја користите, па ја тргнете, тогаша максималната заштита е два часа ефективна заштита. Затоа треба често да се менува, но тоа се однесува на оние лица кои непрекинат ја користат. Маска не треба да носиме по своите домови или во своите автомобили, но такситите мораат да ја користат – појаснува Кон кој вели дека закачувањето на маските на ретровизорите во автомобилите не е соодветно место, бидејќи постои можност тоа пак да предизвика друг вид на инфекција.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави