Насер Зибери позитивен на ковид-19

Кандидатот за прв премиер Албанец Насер Зибери е позитивен на ковид-19, потврдија за „Плусинфо“ од ДУИ.

Претходно Вечер објави дека Зибери е позитивен на Ковид и објави негова фотографија од Систина.

Од партијата велат дека Зибери денеска го добил решението дека е позитивен на коронавирусот, но не знаат кога и каде се зарзаил, бидејќи како што велат во кампањата имал контакт со многу луѓе.

Засега нема одговор дали и кого сѐ Зибери е можно да заразил со коронавирусот ако се знае дека во завршницата на кампањата за парламентарните избори тој речиси секојдневно беше во контакт со лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и со многу функционери од партијата како Бујар Османи, Изет Меџити, Арбр Адеми…. но и со многу граѓани.

Зибери последото обраќање пред јавноста го имаше на 12 јули пред Собранието во друштво на лидерот и многу функционери од ДУИ.

Фото: Вечер

Треба да знаете
Последни објави