Од Ковид 19 заразени 77 бремени жени и 349 деца до девет години

Вкупно 77 бремени жени и 349 деца до девет години се регистрирани досега како заразени со Ковид 19, покажуваат последните податоци на Институтот за јавно здравје.

Според информациите на ИЈЗ, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), пријавени се 77 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 19 биле хоспитализирани во текот на болеста. Триесет и четири од регистрираните се асимптоматски случаи.

Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 1.839 (22,4%) со инциденца од 479,8/100.000, а највисока специфична инциденца од 563,2/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (1.566 заболени). Најниска инциденца од 152,5 и 142,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 349 и 357 случаи.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 4.131 машки и 4.066 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 398,5/100.000, додека кај женските 393,7/100.000.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), 20,6% (n=1.656) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), кај 2.410 (29,9%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 1.637 лица имаат кардиоваскуларна болест, 700 дијабет, 320 се со хронична белодробна болест и 445 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 980 (59,2%) се присутни коморбидитети.

Треба да знаете
Последни објави