Сане по првиот тренинг со Баерн е презадоволен

Новиот напаѓач на германскиот фудбалски првак Баерн, Лерој Сане кој пристигна во Минхен од редовите на англискиот Манчестер сити, ги сподели своите впечатоци од првиот тренинг во новата средина.

– Првата лекција помина многу добро. Многу сум среќен што се вратив на теренот и ја спроведов мојата прва тренинг сесија во базата на Баварците. Презадоволен сум, изјави Сане за веб-страницата на германскиот шампион.

На 3 јули Сане потпиша договор со Баерн до крајот на јуни 2025 година. Тој во Германија доаѓа од Манчестер сити.

Дваесет и четиригодишниот Германец ги скина лигаментите во првиот натпревар од сезоната 2019/20 – Суперкупот на Англија против Ливерпул. На теренот се врати на 22 јуни против Барнли.

Треба да знаете
Последни објави