Чулев: По Галетановски и други ќе се повикуваат во полиција за ширење недолична содржина

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, денеска на прес-конференција објави дека полицијата и денеска ќе повикува лица на информативен разговор кои, како што вели тој, ширеле манипулации на социјалните мреќи така што гласачите сипматизери на опозицијата ги наведувале да го избришат поимот „Северна“ на гласачкото ливче на утрешните избори и со тоа подоцна тоа да стане неважечко.

– Во случајот кој се однесува на Скопје вчера постапено е по објави на социјални мрежи кои содржеле елементи на изборни нерегуларности. Од страна на полициски службеници, лицето Ѓ. Г е повикано на разговор како сопственик на профилот. Од СВР Скопје ќе бидат превземени дополнителни активности и ќе бидат повикани на разговор и други лица по што ќе следи соодветен подонесок до ОЈО Скопје. Има сомение за вршење на делото од членот 160 „Повреда на слобода на определување на избирачите“, меѓутоа, конечната квалификација на делото ќе биде утврдена по координацијата со Основното јавно обвинителство, рече Чулев пред медиумите.

Повиканото лице е Ѓорѓи Галетановски, актуелниот директор на скопската ЗОО, и активист од самиот врв на владеачката партија. Како што претходно објавија медиумите,, покани да се јават на разговор во полициските станици по слични објави на Фејсбук се повикани професорот Ѓорѓи Спасов, активистот Боби Илиевски и неколку други.

Треба да знаете
Последни објави