Ќерката на Траволта се збогува со својата мајка: Ти благодарам што беше со мене без оглед на сè

Актерката Кели Престон, сопруга на Џон Траволта, ја загуби битката со карциномот на дојка. Веста ја потврди Џон Траволта на својот профил на Инстаграм, а нивната ќерка Ела се збогува со својата мајка со емотивна објава.
„Секој кој имал среќа да те запознае или некогаш бил во твое присуство, ќе се согласи дека имаш сјај и светло што никогаш не престанува да блеска секаде околу тебе. Благодарам што беше со мене без оглед на сè. Ти благодарам за целата твоја љубов, ти благодарам на помошта и ти благодарам што го направи светот подобро место. Те сакам многу мамо“, напиша 20-годишната Ела.

Џон и Кели беа во брак од 1991 година, а покрај Ела, тие се родители на деветгодишниот Бенџамин и синот Џет, кој почина во 2009 година.

Треба да знаете
Последни објави