Манчестер сити нема да жали пари за да направи тим од соништата

Откако Арбитражниот спортски суд во Лозана му ја укина казната изречена од УЕФА на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити за забрана за настап на евро сцената во наредните две години, „граѓаните“ повторно се подготвуваат за предизвикот – Лига на шампионите. Раководството на „граѓаните“  нема да жали пари за да направи тим од соништата со кој ќе доминира во Англија и на евро-сцената.

Медиумите од Островот пренесуваат дека преговорите со трофејниот шпански фудбалски стратег  Пеп Гвардиола за продолжување на соработката се пред крај, а се очекува да почнат и разговорите со играчите Кевин Де Бруин, Фоден и Рахим Стерлинг за да ги продолжата догворите за нови пет години.

Гвардиола ќе добие на располагање повеќе од 300 милиони фунти за да ангажира засилувања во тимот. На листата со поскувани фудбалери кои Шпанецот  би сакал да ги има на располагање се наоѓаат: Кулибали од Наполи, Феран Торес од Валенсија, Лаутаро Мартинез и Милан Шкринијар од Интер, Тиаго Алкантара и Давил Алаба од Баерн Минхен.

 

Треба да знаете
Последни објави