Ева Мендес и Рајан Гослинг се видени заедно со слатките ќеркички по долгиот карантин.
Актерската љубовна двојка, за која се претпоставува дека е една од најатрактивните во холивудскиот свет, убавата Ева Мендес и прекрасниот Рајан Гослинг видени се заедно во јавноста што ретко се случува бидејќи тие се едни од оние кои сакаат да ја чуваат својата приватност подалеку од љубопитните очи.
Овој пат папараците успеаа да ги фатат во семејно возење, а со нив беа и нивните слатки ќеркички, 5-годишната Есмералда и 3-годишната Амада. Рајан беше зад воланот, а Ева седеше до него како и секогаш во нејзиното шик издание. За разлика од многу други холивудски парови, тие се грижат само за своите деца, без дадилки и дополнителни раце, а ќерките и нивното воспитување во приватноста на семејниот дом се една од причините што честопати не ги гледаме во јавност.
„Тие се практични родители и немаат дадилки“, изјави извор близок до нив за „Daily Mail“ во април…
Преземено од Попара








